Лошиот почеток на сезоната не ја наруши ситуацијата на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне во клубот. Напротив, клупското раководство нема дилеми дека аргентинскиот стручњак брзо ќе ги стабилизира резултатите на тимот, кој по шестото коло го зазема седмото место во поредокот во Ла Лига.
Според „ АС“, прашањето за можна разделба со Симеоне воопшто не е на дневен ред во Атлетико . Ужива огромна доверба и кај клупските газди и кај навивачите на „Јорганџиите“.
Изминатиот викенд Атлетико го загуби дербито со Реал Мадрид со 1:2 и заостанува осум бода зад својот голем ривал во поредокот. Неколку дена претходно тимот загуби со 0:2 од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.