СПОРТМЕДИА во Тбилиси,
Огнен Дојчиновски
Македонската фудбалска репрезентација вечерва пред да го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот дуел од Лигата на Нации против Грузија во Тбилиси, имаше мали проблеми. Нивниот пат од хотелот до стадионот траеше речиси еден час. Се доцнеше цели 45. Минути.
„Се извинувам за доцнењето. Ние не сме виновни што нашето патување од хотелот од стадионот тука траеше 45 минути. Уште еднаш големо извионуивање до сите“ – ја стартуваше прес конференцијата селекторот Благоја Милевски видно револтиран и изнервиран. Се знае дека тој во однесувањето е во ранг на скандинавец и секоја грешка и аматеризам го смета за сериозен проблем па нормално е што беше лут како рис.
Дали е ова провокација од страна на домаќинот, или пак едноставно слаба е организацијата со оглед на фактот што Тбилиси е милионски град и сообраќајниот метеж е огромен, за нас ќе остане мистерија.