Емил Рајковиќ со неговата ЦСКА Москва успеа да слави над тимот на Уникс Казањ на Ненад Димитријевиќ со 76:71. Ова беше меч од Суперкупот во ВТБ лигата, инаку “македонско дерби“ кое му припадна на стратегот на “армејците“.
И покрај тоа што не можеше да смета не неколку свои кошаркари, Рајковиќ го извлече најдоброто од својот тим и стигна до победата.
На другата страна Нено мина 13 минути на паркетот и постигна пет поени.
Во следниот меч од ова натпреварување ЦСКА Москва на Рајковиќ ќе ги одмери силите со екипата на Мега, и во случај на триумф ќе обезбеди пласман во финалето.