Милевски: Горд на она што го одигравме, а грешките се составен дел од фудбалот

376

Дефинитивниот крах во оваа Лига на Нации за нашиот национален фудбалски тим се случи вечерва во Тбилиси. Македонија загуби од Грузија со 2:0 во дуел во кој, требаше мораше да покажеме дека оној дебакл од Скопје од 0:3 и грешките кои тогаш се случија беа еднократни и дека не смеат да се повторат.

Епа жална вест за сите кои не го гледаа овој меч. Се повторија. И тоа како. Се повторија за нов наш пораз, за нова грузиска еуфорија и за наши главоболки што ни се случува во националниот тим. Грешки и тоа почетнички, киксови, промашувања, ефтино примени голови и нормално пораз. Пет примени гола од Грузија во два меча и ниту еден постигнат против ривал кој мислевме дека не е така силен. Ама очигледно е. Барем во моментов. За нас е пресилен.

„Честитки на Грузија за пласманот во баражот за Европското првенство. Што се однесува до нас, можам само да им честитам на моите играчи, создадовме безброј шанси, одигравме одлично, доминиравме на теренот, и само грешките направија ние денес да загубиме. Судењето не сум го коментирал ниту некогаш ќе го коментирам. Индивидуалните грешки се производ на неколку фактори. Физичката подготовка, моменталниот ментален склоп н играчот психолошката подготовка. Можеби е нешто на што ќе мора да поработат и во клубовите каде што играат. На Дарко Велковски не можам да му замерам ништо, напротив, грешките се дел од фудбалот и мора да се носиме со тоа. Тој има максимална поддршка како од мене, така и од целиот тим. Нему секако дека му е најтешко за она што се случи вечерва. Тимот секогаш ми е на прво место, и кога се губи и кога се победува. Колективот е најважен и никогаш нема да издвојам дали некој бил најлош или пак најдобар. Можеме да бидеме горди на она што денеска го одигравме“ – изјави селекторот Благоја Милевски на офигијалната прес конференција по мечот против Грузија во Тбилиси.

 

ПретходноГрузија ита кон ЕП, во моментов за нас е друг свет (ВИДЕО)
СледноСањол: Не е чудно што Македонија на моменти беше подобра, сепак, ние славиме