Роџер Федерер ја заврши својата кариера. Швајцарецот последниот меч во кариерата го одигра на „Лејвер Купот“ во двојки со долгогодишниот ривал, Рафаел Надал. Двајцата беа поразени од ек Сок и Франческо Тиафо во три сета со 3-0.
Федерер се расплака за време на интервјуто по мечот.
„Прекрасен ден, среќен сум. Убаво е да се биде тука. Денеска направив се за последен пат. Заедно со навивачите, семејството и пријателите, не чувствувам стрес иако мислев дека нешто ќе се случи. Среќен сум што се помина добро. Мечот беше одличен“, изјави Федерер, кој кариерата ја заврши играјќи за тимот на Европа заедно Надал, Ѓоковиќ и Мари, останатите членови на четворката.
„Не сакав да бидам осамен. Не се чувствував осамено ниту една секунда кога ми рекоа да излезам. Секогаш сум бил тимски играч во срцето, индивидуалната конкуренција и не е ништо. Имав тим кој со години патуваше со мене. Им благодарам на сите кои ми овозможија да функционирам со години. Се надевав токму на ваков крај“.
Федерер беше прашан за поддршката од неговото семејство, а потоа се расплака. „Дали мора да разговараме за тоа?, Федерер се пошегува и продолжи: “Мислам дека досега бев добар. Барем се уште можам да зборувам, бидејќи кога го замислив ова, не можев”.
Saying so long while soaking it in.#LaverCup pic.twitter.com/dnIAIF7c07
— Laver Cup (@LaverCup) September 23, 2022
“Моето семејство е со мене, така што се е одлично. Многу се забавував во последните 13 години брак. Мојата сопруга многу ми даваше поддршка. Можеше да ме спречи одамна, но не таа ме поддржа и ме пушти да играм. Ова е неверојатно, се би повторил“, изјави Федерер.
Швајцарецот кој има 41 година зборуваше и плачеше.
If there’s one thing you watch today, make it this.#LaverCup | @rogerfederer pic.twitter.com/Ks9JqEeR6B
— Laver Cup (@LaverCup) September 23, 2022
„Смешно ми е што секогаш ја обвинувам мајка ми за се, без неа немаше да бидам тука. Родители, вие бевте неверојатни, ви благодарам. Имам премногу луѓе на кои треба да им се заблагодарам“, рече тој.