Голема поддршка од трибините за сензација во ЛШ: Влезот слободен, организиран превоз од Струмица

708

Реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во ЦЕВ Лигата на шампионите меѓу македонскиот првак Струмица Никоб и холандски Динамо Апелдорн ќе се одигра во вторник во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Струмичани загубија на гостувањето во Холандија со максимални 3:0, па на скопската пресметка ќе се обидат да им се реваншираат на Холанѓаните со иста мерка, за да се изборат за т.н. „Златен Сет“ со кој ќе се одлучи тимот кој продолжува во 2. квалификациско коло.

Струмица Никоб се надева на голема поддршка од трибините и за таа цел од клубот се решија да ги отворат вратите од СЦ „Јане Сандански“ и влезот за реваншот со холандскиот шампион да биде слободен. Од клубот најавуваат дека ќе има и организиран превоз за сите заинтересирани навивачи на клубот од градот Струмица. Деталите ќе бидат објавени наскоро.

ПретходноПоследен поздрав за Доне: Клубовите се простуваат со Бошковски
СледноЏордан ќе го продаде Шарлот Хорнетс?