Џек Милер доминантен во Јапонија!

65

Австралискиот мотоциклист, Џек Милер победи на трката за Големата награда на Јапонија која се возеше на патеката „Мотеги“. Возачот на „Дикати“ доминираше на патеката, уште од самиот старт го презеде водството и без проблем стигна до убедлив триумф.

Зад него завршија Хорхе Мартин од Прамак рејсинг и Бред Биндер на КТМ, додека пак четвртото место му припадна на Марк Маркез кој имаше пол-позиција после пауза од три години.

Лидерот во генералниот пласман Фабио Квартараро заврши на осмата позиција, додека неговиот најголем ривал за титулата, Пеко Бањаја падна во последниот круг од трката.

 

ПретходноЃоковиќ со една реченица за Федерер ја воодушеви публиката!
СледноУспешен прв ден за Димушевски и Гушиќ на Рели Србија