Второлигашот Пелистер ги изненади домашниот состав на Тиквеш и прилепска Победа, и успеа да биде прв на годинашниот меморијален турнир „Вуко Каров“ кој денеска по 22.пат се одржа во Кавадарци. Познато е дека овој традициионален турнир е организиран од ФК Тиквеш и Општината Кавадарци.
Се играа три мечеви и тоа секој со секого по “италијански систем“, еден натпревар траеше 45 минути.
Во првиот меч, Тиквеш и Победа одиграа 1:1, во вториот Пелистер и Победа исто така ремизираа, но со резултат 0:0. Во третиот натпревар, во кој се решаваше победникот а на домашниот состав му одговараше и реми, битолчани успеаја да слават со 1:0 и со тоа да бидат први на овој „Вуко Каров“.