Селекторот на Македонија Благоја Милевски посочи дека ја анализирал Бугарија како и дека утре тимoт ќе се потруди да победи и да ги исправи грешките од Тбилиси.
„Не можам да кажам дали ќе има промени. Како и до сега ќе се потрудиме да победиме, а што ќе ни донесе самиот меч ќе видиме. Имаме јасна цел и стратегија.
Незаслужено загубивме во Тбилиси, а сега одиме да победиме. Од она што го имавме се обидовме да ја анализиравме Бугарија, имаат нов селектор и комплетно нова генерација. Само три или четири играчи се исти, а другите за нас се непознаница“, вели Милевски.
За можните политички скандирања:
„Да ја оставиме политиката на страна, ние сме спортисти и мора така да се однесуваме. Јас и по мечот во Разград јавно се заблагодарив на приемот и третманот. И противникот ќе го добие истиот третман како и ние таму.
Ние немавме никакви проблеми таму, ниту при интонирањето на химната, ниту за време на мечот и затоа апелирам за коректно и фер однесување од сите како на теренот така и на трибините“.
На прашањето за теренот кој не е во најсјајна состојба:
„На мое инсистирање теренот на стадионот е затворен подолг период и ФФМ направи се за да им овозможи на надлежните да биде репариран и подготвен за утре. По тренингот ќе видиме во каква состојба е“, додаде нашиот селектор.