Еден од најдобрите македонски играчи Енис Барди даде свое видување за претстојниот натпревар со Бугарија во Скопје во последното коло од групната фаза во Лигата на нациите.
„Утре ќе се потрудиме да ги исправиме работите (од мечот во Тбилиси) и со една позитивна мисла да ја постигнеме целта, а тоа е да победиме. Мора да сме стрпливи, млади сме се уште не сме доволно запознаени. Треба да ги поддржиме помладите.
Ристовски и Миовски даваат голови во клубовите, само прашање на време е кога ќе почнат да го прават тоа и во репрезентацијата. Нашата цел е Европското првенство и мислам дека имаме голема шанса да го направиме тоа во периодот кој следува“.