Бугарите со неколку промени во составот: Крстајиќ ќе менува во средниот ред

170

Селекторот на бугарската репрезентација, Младен Крстаиќ, според пишувањата на бугарските новинари се очекува да направи неколку промени во својот стартен состав, за разлика о дпоследниот меч со Гибралтар на кој Бугарија славеше со 5:1.

Српскиот стратег најверојатно и вечерва во Скопје ќе почне со тројца централни дефанзивци – Петко Христов, Валентин Антов и Антон Недјалков. На голот нема да има промени, таму стартер ќе биде Даниел Наумов.

Виктор Попов и Георги Русев би требало да ги заменат Иван Турицов и Марин Петков во средниот ред. Во редот за врска ќе играат и Илија Груев, Филип Крастев и Илијан Стефанов, а во нападот би требало да почнат Кирил Десподов и Радослав Кирилов.

ПретходноАлан од Евертон се пресели во Ал Вахда во ОАЕ
СледноТасевски: Бугарија е свежа, покажува знаци на живот, Македонија го загуби ентузијазмот