Надал објасни зошто плачеше со Федерер, па откри: Најлошото се случи дома!

1275

Рафаел Надал беше многу емотивен за време на последниот настап на Роџер Федерер на „ЛејверКупот“, по завршување на истиот откри дека со солзите не завршил на теренот, продолжил и дома.

„Јас сум многу емотивна личност, кога гледам дека некој кого го ценам многу се збогува ми е тешко да ги контролирам емоциите. Најлошо од се што продолжив да плачам кога се вратив дома“, призна Надал.

Сепак, овогодинешното издание на Лејвер купот сигурно нема да биде последен пат да го видиме Роџер Федерер со рекет во рацете. Тој најави дека во наредните години ќе може да учествува на егзибиции, особено на Лејвер купот, за кој постојано истакнува дека му е омилен турнир.

ПретходноВака се пее МАКЕДОНСКАТА химна!(ВИДЕО)
СледноПолувреме: Тодоровски поцрвене, во напад и со „десетмина“