ЛН: Англија и Германија одиграа реми со шест гола, Италија ќе се бори за трофејот (видео)

154

Репрезентацијата на Грузија со триумф ја заврши групната фаза во сегментот Ц од Лигата на нациите. Грузијците по победата над Македонија, вечерва славеа и на гостувањето кај Гибралтар и како првопласирани на табелата одат во разигрување за пласман на ЕП 2024.

Со голови на Кваратцкелија во првото и Циташвили во второто полувреме Грузијците славеа победа со 2:1.

А на Вембли фантастичен фудбал. Англија и Германија одиграа 3:3. Германците поведоа со 0:2 со головите на Гундоган во 52 минута од пенал и на Хаверц во 67 минута.  Сепак, Англичаните како да чекаа да примат голови, па да се разбудат. Во периодот од 72 до 75 минута постигнаа два гола и ги вратија работите на почеток. Стрелци – Лук Шо и Мејсон Маунт. Во 83 минута по реакција на ВАР судијата Дани Макели покажа пенал, а Хари Кејн сигурен од белата точка. Пет минути подоцна Хаверц изедначи за конечни 3:3.

Италија си славеше со 2:0 во Унгарија и си го обезбеди првото место во групата 3 и се пласира во плеј-офот за титулата во ЛН. Головите ги постигнаа Распадори и Димарко. Италија е прва со 11 бодови, Унгарија има 10, Германија 8, а Англија 4.

Во полуфиналето на ЛН ќе играат Италија и Холандија. Другото полуфинале ќе биде комплетирано утре.

РЕЗУЛТАТИ
АНГЛИЈА – ГЕРМАНИЈА 3:3
УНГАРИЈА – ИТАЛИЈА  0:2

ЦРНА ГОРА – ФИНСКА 0:2
РОМАНИЈА – БИХ          4:1

ГИБРАЛТАР – ГРУЗИЈА 1:2
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА

САН МАРИНО – ЕСТОНИЈА        0:4

 

ПретходноСлавен Билиќ е нов тренер на Ватфорд
СледноБугарија слави во Скопје! „ Црвен“ образ и болен пораз!