Милевски: И покрај проблемите, сметам дека одиме во вистинска насока

583

Македонија доживеа уште еден пораз во серија, по Грузија, загуби и од Бугарија. Заврши на третото место на табелата во групата, нешто што не беше очекувано.

Македонскиот селектор Благоја Милевски ги пофали своите фудбалери и покрај поразот.

Без разлика на сите проблеми, мислам на натпреварувачката форма, минутажата, повредите и откажувањата, сметам дека одиме во вистинска насока. Против Грузија одигравме одлично. И вечерва покажавме голема желба за победа. Немам што да им замерам на моите избраници. Овие момци имаат потенцијал, им треба време и минутажа која мора да ја добијат во клубовите“, изјави Милевски кој продолжи:

Голем дел од играчите немаат минутажа. Мора тие да се наметнат и да играат во клубовите, а ние тука сме немоќни, мора тие да си го решат тоа. Формата се гради во клубовите, а не во репрезентацијата. Голем дел од нив дојдоа со по едно одиграно полувреме или без ниту едно во неделата пред репрезентативните средби. Недоволната физичка подготвеност е клучна за грешките кои ги правиме.
Реализацијата е проблем. Создаваме шанси но не ги реализираме. Тука напаѓачите ќе мора да се поправат

За црвениот картон на Тодоровски и смената на Трајковски во 22 минута:

За црвениот картон (на Тодоровски) мислам дека е престрого доделен. Прво имаше контакт со топката, па со ногата. Тоа е мое мислење. А морам да кажам измената на Трајковски во 22 минута мораше да се направи во тој момент“, изјави нашиот селектор.

ПретходноКрстајиќ:Не е лесно да се игра пред ваква прекрасна публика!
СледноСекоја чест за публиката, сепак ова беше натпревар кој не смееше да се загуби! (ФОТОГАЛЕРИЈА)