Супер-купот ќе биде загревање за големиот предизвик што го чека МЗТ Скопје оваа сезона, а тоа е настапот во АБА-лигата. Актуелниот македонски првак утре во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ ќе ги одмери силите со актуелниот освојувач на Купот на Македонија, ТФТ. Дуелот се игра во СРЦ „Кале“ (19:30 часот).
МЗТ Скопје го брани трофејот со победата во минато годишното издание од ова воведно домашно натпреварување, кое од лани го носи името на прославениот тренер, кој дел од својата кариера мина и во нашиот клуб.
За оваа пресметка, тренерот Александар Петровиќ нема да смета на македонскиот репрезентативец, Адем Мекиќ, како и на новото засилување Еван Максвел.
Од утрешниот натпревар предвиден е директен пренос на МТВ-3, а влезот во салата е – СЛОБОДЕН.