Митревски и Порто по прва радост против поранешниот македонски селектор!

122

Денеска стартува третата рунда од групната фаза во Лигата на шампиони. Во групата А само два тима немаат освоено бодовите по првите две кола. ППД Загреб, предводен од поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван и Порто за кого настапува репрезентативниот голман, Никола Митревски ќе се судрат во битката за први бодови. Домаќин е хравтскиот клуб, а мечот е закажан со почеток во 18:45 часот.

Порто беше поразен од Висла Плоцк на гости и од Веспрем дома, додека пак ППД Загреб од Магдебург и Гог.

Во термин од 18:45 часот во истата група А, Веспрем е домаќин на Динамо Букурешт. Унгарскиот тим има две победи, додека противникот има пораз и реми.

Магдебург кој го дели првото место на табелата со Веспрем, е домаќин на ПСЖ. Бундес-лигашот ќе има тешка задача, но од друга страна францускиот тим предводени од Раул Гонзалес на стартот на сезоната не тргна според очекувањата беше поразен на гости кај Веспрем. Оваа средба се игра со почеток во 20:45 часот.

Денеска ќе се одигра еден меч од групата Б. Кјелце по убедливиот пораз од Барса на гости рехабилитација ќе бара кај Алборг, исто на гостински терен. Алборг со Микел Хансен во составот делува силно, па токму затоа е лидер заедно со каталонскиот гигант. Останува да видиме дали момците на Талант Душебаев ќе успеат да го пребродат поразот од Барса и ќе дојдат до втор триумф оваа сезона.

ПретходноМладиот пливач Марко Пејчиновски доби стипендија од државата во износ од 200.000 денари!
СледноСкалони ќе биде селектор на Аргентина уште четири години!