Во Катар ќе има 40.000 “гаучоси“: Аргентина е првата селекција која ги распродаде билетите за Мундијалот!

135

На 54 денови пред стартот на СП во Катар, денеска и официјално од страна на Фудбалскиот сојуз на Аргентина беше потврдено дека сите билети кои оваа земја ги добила за претстојниот Мундијал, биле распродадени.

Па така Аргентина е првата селекција или земја која може да се пофали дека ги продала сите билети за мечевите на Меси и другарите во Катар.

Инаку медиумите во таа земја шпекулираат дека околу 40.000 фанови на селекцијата на Аргентина ќе престојуваат во Катар на Мундијалот во време додека нивните миленици ќе ги играат мечевите.

ПретходноМеси сега е пред Роналдо по бројот на постигнати голови од слободни удари!
СледноПартизан се избрука – ги утна сите пенали и уште на стартот испадна од Купот