Марија Соле Фериери Капути е делегирана за главен судија на претстојниот натпревар помеѓу Сасуоло и Салернитана со што стана првата дама која ќе суди меч од Серија А. 32-годишната судијка има брз напредок во судиската кариера затоа што од мечеви во Серија Д и Серија Ц, минатата сезона судеше мечеви од Серија Б (првиот меч и беше Читадела – СПАЛ), а судеше и меч од Купот на Италија (Каљари-Читадела).
Инаку натпреварот меѓу Сасуоло и Салернитана ќе се одигра во недела со почеток од 15 часот.