Боро Смилковски и неговите момци не успеаја да дојдат до трофејот во Суперкупот, беа совладани од МЗТ Скопје со убедливи 100-82. По завршување на мечот, предводникот на ТФТ испрати критики до судиите на овој натпревар.
„Мислам дека епитетот на Суперкупот единствено го оправда амбиентот, но сигурно не го оправдаа судиите со делење на правдата и ние со нашата игра. Успеавме да ги корегираме грешките во второто полувреме и да покажеме карактер и тоа со домашни играчи да се доближиме на пет разлика. Не се чини беше преголем залак особено по првото во кое не игравме добро не само поради нашо грешки, можеби поради судиски грешки“, изјави Смилковски.