За прв пат после 110 години во Серија А ќе биде испишана историја!

278

Неделниот натпревар од 8. коло на италијанската Серија А помеѓу Сасуоло и Салернитана веројатно ќе минеше целосно незабележан да не беше одлуката на италијанската судиска комисија.

Имено, за прв пат по 110 години натпревар од италијанската елита ќе суди жена. Овој историски момент за италијанскиот фудбал ќе и припадне на Марија Соле Фериери Капути.

Таа има само 32 години, претходно ја делеше правдата на натпреварите во женската Серија А, а има 23 натпревари во Серија Ц, три во Серија Б и еден во Купот на Италија. Нејзиното деби можеби немаше да се случи неколку недели доколку не отпатуваше во Индија на Светското првенство за жени до 17 години.

Натпреварот Сасуоло – Салернитана ќе биде меч меѓу две екипи од средината на табелата. Сасуоло е единаесетти, а Салернитана е на тринаесеттата позиција.

Фото: footballitalia.ir/Инстаграм

ПретходноПознат психолог тврди: Роналдо има проблеми во животот, разговаравме два часа!
СледноПаника во Реал, клучниот играч сака да ја заврши кариерата!