Одлична вест за навивачите на Реал – се враќа најдобриот стрелец!

146

Откако Реал Мадрид остана без повредениот Лука Модриќ, навивачите на „кралскиот клуб“ добија одлична вест. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Карим Бензема би можел многу брзо да се врати на терените.

Францускиот напаѓач поради повредата мораше да паузира речиси четири недели, но сега се опорави и во недела треба да му биде на располагање на Карло Анчелоти за дуелот против Осасуна.

„Среќен сум што се вратив. Имав време да тренирам. Се чувствувам многу добро и удобно. Едвај чекам да играм во недела“, изјави најдобриот стрелец на Мадрид.

Бензема својот последен натпревар за Реал го одигра на 6 септември во Лигата на шампионите против Селтик кога беше принуден да го напушти теренот на половина од првото полувреме поради повреда.

ПретходноВо Интер се врати здебелен, но сега позираше во боксери и покажа нереална трансформација!
СледноПоради Барселона, Ал Келаифи е подготвен да направи супер тим од друг европски клуб!