Одамна се знае за соработката меѓу ФК Академија Пандев и италијанскиот клуб Брера, која ќе треба да се случи во иднина. Пред извесно време и официјално беше потврдено дека потпишан е договор за меѓусебна соработка меѓу двата клуба, со кој, барем според првиот човек на струмичкиот клуб Горан Пандев, и тоа како ќе помогне во развојот не само на ФК А.Пандев туку и за македонскиот фудбал.
Од Италија, од стадионот на Брера, Пандев преку видео порака најави дека наскоро ќе дојде во Струмица заедно со неговиот пријател прв човек на Брера, Алесандро Алеоти каде што треба да ги претстави идеите за тоа како ќе развива неговиот клуб.
&