Пелистер поразен во финалето на турнирот во Ботевград

134

Кошаркарите на Пелистер загубија од бугарски Спартак Плевен во финалето на турнирот „Георги Христов“ кој се одржа во Ботевград. Во салата „Арена Ботевград“, Спартак победи со 94:89 (18:24, 30:25, 26:23, 20:17), додека во битката за третото место домаќините Балкан, претходно денеска го совладаа Черноморец со 78:76.

Резултатот беше изедначен до пред самиот крај, кога домашните успеаја да направат мала разлика која ги донесе до победа. Чернокожев и Стојанов беа први стрелци кај Спартак со по 19 поени, додека Сеад Хаџифеизовиќ и Донтеј Карутерс постигнаа по 17 поени за тимот на Пелистер.

ПретходноЃоковиќ по 81 ден пауза се врати и победи за четвртфинале во Тел Авив
СледноРакометарките загубија на првиот тест со Норвешка Б