Се продава и Евертон: Пола англиски премиерлигаши ќе имаат американски газди

209

Сопственикот на Евертон, Фархад Мошири, преговара за продажба на клубот со американскиот бизнисмен Мачек Камински, пренесува Фајненшл Тајмс.

Забележано е дека зделката би можела да биде вредна околу 437 милиони евра. Преговорите меѓу Мошири и Камински се придвижија во последните денови. Договорот мора да биде одобрен од англиската Премиер лига.

Конечната сума зависи и од финансирањето на новиот стадион на Евертон во Ливерпул, а преговорите се комплицирани поради нестабилноста на финансискиот пазар во Велика Британија. Доколку Камински го купи клубот, тогаш половина од клубовите во Премиер лигата (10 од 20) ќе имаат американски акционери.

ПретходноСтрумица Н. на големиот државен празник ќе го одигра првиот меч во ЦЕВ Купот
СледноПрвиот човек на ПСЖ сака од големите европски натпревари да направи фестивал