Халанд сениор ги изненади сите: Ерлинг нема уште долго да биде во Манчестер Сити?

252

Таткото на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Ерлинг Халанд, Алф Инге изјави дека Манчестер Сити бил првиот избор за неговиот син ова лето, но не и единствен.

Логично, многу тимови беа заинтересирани за него и сакаа да платат онолку колку што е потребно само за Норвежанецот да го облече нивниот дрес. Сепак. тој го избра поранешниот клуб на неговиот татко – Манчестер Сити. Сега таму ги тресе мрежите како од шала, иако многумина се сомневаа во тоа.

Но, каде на друго место би можел да заврши? Алф Инге за „Виаплеј“ откри дека неговиот син имал своја листа на приоритети, презентирајќи како таа изгледала. На прво место бил Манчестер Сити, па Баерн Минхен, Реал Мадрид и последен ПСЖ.

Тој меѓудругото откри дека неговиот син не сака да биде стациониран во еден клуб, туку да ги испроба сите лиги.

„Мислам дека Ерлинг сака да се докажува во сите лиги. Може да остане на едно место три, четири години… На пример, тој беше во Германија две и пол, можеше да биде во Англија две и пол. потоа Шпанија, Италија и Франција“, изјави Халанд Сениор.

Секако, никој не вели дека Ерлинг нема да одлучи да остане подолго во Сити, но според неговиот татко тоа е малку веројатно. Но, да почекаме…

ПретходноИранците бараат од ФИФА да ги исфрли од Светското првенство: Господине, мора да дејствувате итно!
СледноСкопје во центарот на ракометниот „крем“: Обезбедете си билети за Европското првенство!