Градскиот совет му забрани на Нирнберг да игра вечерни натпревари

133

Нирнберг е втор најуспешен германски клуб по бројот на освоени титули, зад Баерн Минхен, а пред Борусија Дортмунд. Второлигашот во иднина нема да игра вечерни натпревари откако градскиот совет донесе одлука да го ограничи користењето на рефлектори на стадионот „Макс Морлок“ поради енергетската криза.
Руската инвазија на Украина, предизвика скок на цената на енергијата во целиот свет, а Германија која зависеше од руската енергија, пробува да ја намали потрошувачката како што се приближува зимата.
„Греењето на теренот на стадионот ќе остане исклучено по договорот со германската фудбалска лига, а рефлекторите нама да се користат после 21:00 часот“, соопштуваат од градот.
Со тоа деветкратниот германски првак нема да ги игра вечерните натпревари кои се организираат во 20:30 часот. Нирнберг е на 13 место во Цвајте.

ПретходноЛевандовски на Барсeлона и го препорачал централниот бек на Специја
СледноСе сруши дел од легендарниот Монументал, за среќа нема загинати (ВИДЕО)