Реал подготвува напад – 60.000.000 евра за дефанзивецот на Сити!

184

Реал Мадрид следното лето би можел дополнително да ја засили одбраната со доведување на Жоао Кансело од Манчестер Сити, пренесуваат шпанските медиуми.

Португалскиот фудбалер со текот на времето стана еден од клучните играчи во тимот на Пеп Гвардиола, но и во неговата репрезентација.

Кансело може да игра на повеќе позиции во одбраната, што е во интерес на Карло Анчелоти и покрај тоа што Кансело има договор со „Граѓаните“ до 2027 година.

Кансело е на радарот на Мадрид уште од времето кога настапуваше за Валенсија, а како што пренесува АС, „кралскиот клуб“ би можел да го тестира теренот со понуда од околу 60.000.000 евра.

Сепак, во моментов овој трансфер не изгледа толку реален со оглед на тоа што Гвардиола нема така лесно да се откаже од услугите на еден од своите најдобри играчи во тимот.

ПретходноВложил 800.000 фунти за да ја подобри формата
СледноШабани: Струга ТЛ против “лавовите“ треба да го “извади“ најдоброто од себе!