Потег за аплауз на Лучијано Спалети (ВИДЕО)

357

Денешната програма во Серија А, ќе ја отвори дуелот помеѓу Наполи и Торино. На официјалната прес конференција пред самиот дуел, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети направи потег од кој се воодушеви италијанската но и светската јавност, и за кој ќе се говори многу.

Тој на прес конференцијата се појави со две рози, а на прашањето дали истите се посветени на Наполи, тој рече, не, тие се посветени на Махса Амини и Хадиса Најафи.

Тоа се две жени кои се убиени во рамките на големите протести кои се одвиват во Иран каде што припадничките на понежниот пол ги бараат своите права по четиридецениско владеење на режим кој што правата на жените воопшто не ги третира.

На ова Спалети доби громогласен аплауз од присутните и не сакаше повеќе да додаде никаков коментар.

ПретходноГолемо засилување за НБА финалистот!
СледноБечеки за првпат во кариерата тргнува од пол-позиција во МОТО ГП