ПМФЛ: Нема 9 од 9 за Струга ТЛ, “лавовите“ се спасија од пораз и со играч помалку! (ВИДЕО)

306

Македонија ЃП – Струга Трим Лум 1:1. Тоа е епилогот од денешниот меч, инаку прв од 9.коло во ПМФЛ. Значи „лавовите“ ја сопреа супер – серијата на лидерот, значи нема 9 од 9 за Струга ТЛ.

Гостите имаа се во своите раце во финишот, имаа водство, имаа играч повеќе, но ете не успеаја.

Шабани во 63. донесе водство за гостите, а Алексовски во 86.минута стрелаше за 1:1.

Во првите 45 минути од овој меч, буквално немаше ништо да се види, освен заканите на Мишевски и Стоилов во 5. и 8.минута. По малку здодевно, се играше без премногу ризик и беа шанси за гол на двете страни.

Струга ТЛ беше некако мирна, тивка. Интересно, првиот корнер дојде дури во 45 минута.

Во вториот дел се „отвори“ натпреварот. Атрактивна игра, многу комбинации од двете екипи, и Македонија ЃП и Струга Трим Лум тргаа по победа. Тоа веднаш се виде уште на почетокот од второто полувреме. Дојдоа и шансите.

Прво Бесарт Ибраими во 53.минута упати супер шут, но голманот на домашните Стевковски фантастично одбрани. Само шест минути подоцна домашниот состав преку Ѓурѓевиќ, во два наврати, имаше супер шанса. Во првиот наврат ја погоди пречката, а потоа од гол линијата беше спасен гол на Струга ТЛ.

И конечно гол. Во 63.минута по една добра акција на Бесарт Ибраими, капитенот Буњамин Шабани со прекрасен шут нешто одлево постигна ефектен гол за водство на момците на стратегот Срѓан Захариевски.

Во 73.минута “лавовите“ останаа со играч помалку откако Матеус доби втор жолт, односно црвен картон.

Во продолжение гостите доминираа, имаа неколку добри акции, имаа и шанси за 0:2.

На другата страна Адем во 78.минута можеше слободно да израмни, но немаше среќа.

И тогаш пенал за “лавовите“, подарок од Малиќи, кој играше со рака и тоа во 84.минута. Но Адем не погоди од белата точка, шутираше високо над голот.

Но затоа Алексовски во 86.минута, кој само што влезе во игра погоди за 1:1. Ова беше прв примен гол на Ведран Ќосевски на гости, и тоа во четвртиот меч или по 356 минута.

 

 

ПретходноДве сребра и една бронза за каратистите на Светскиот куп во Турција
СледноПолувреме: Работнички со гол од пенал на Велкоски води во Штип!