Попладнево од 15 часот на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп, Шкендија ќе и гостува на тимот на Победа. Повеќе од јасно е дека на тетовци, кои важеа за големи фаворити за освојување на титулата, сезонава не им тргна најдобро, па затоа денеска по секоја цена мора да победат.
Напаѓачот Љупче Дориев, во пресрет на денешиот дуел во Прилеп, истакна:
“Тука нема што да се зборува. Кратко и јасно, Шкендија против Победа оди на трите бода. И не само против Победа, туку против сите екипи во ПМФЛ. Прилепчани не смеат да се потценат, тие се незгодна екипа, посебно кога играат дома. Посебно кога играат против екипи како Шкендија тие се двојно помотивирани“ посочи Дориев.