Вулверхемптон го отпушти тренерот

119

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон му врачи отказ на тренерот Бруно Лаге после лошите резултати во новата сезона. Само една победа и три постигнати гола во осум премиерлигашки натпревари оваа сезона се премалку па раководството одлучи да го ослободи од должноста.

Севкупно под водство на Лаге екипата во 46 натпревари оствари 16 победи, 9 ремија и 21 пораз. Синоќа „волците“ изгубија од Вест Хем и со тоа паднаа во опасната зона.

Инаку Лаге, кој е екс-тренер на Бенфика, во Вулверхемптон дојде во јуни 2021 година.

ПретходноСампдорија го отпушти тренерот Џампаоло по поразот од Монца
СледноДебитант триумфираше на маратонот во Лондон