Екипата на Јувентус стави крај на серијата од три меча без победа односно пет ако се бројат и двата дуели од ЛШ. Вечерва на свој терен ја совлада Болоња со 3:0 во рамките на 8. коло на Серија А. Во 24 минута српската врска, Влаховиќ-Костиќ донесе водство за „Старата дама“ со тоа што првиот асистира, а вториот ја погоди мрежата. Во 59 минута Влаховиќ зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Арек Милик во 62 минута.
Јувентус има 13 бода и е на 7 место на табелата. Болоња е на 17-тото со 6 бода.