Александар Трајковски, херојот од Палермо, еден од нашите најдобри репрезентативци кој има 81 настап за Македонија и е втор стрелец во историјата, вчера го одигра својот 300 натпревар во својата кариера. Тој влезе во игра во тимот на Ал Фејха во меч од првенството на С. Арабија, но сепак неговиот тим загуби со 1:2. По тој негов настап, Алекс на социјалните мрежи се пофали дека прославува убав јубилеј – 300 натпревари во својата кариера.
Да потсетиме дека досега Алекс низ својата кариера играше и за екипите на Цементарница, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка и Алборг.