Иако ФИФА најави дека на 6 октомври (четврток) ќе ја објави својата најнова ранг листа, сепак од вчера и дефинитивно проекциите се готови. А тие велат дека нашата А-репрезентација ќе падне едно место подолу и за месец октомври ќе се најде на 65.место.
Искрено се очекуваше падот да биде поголем ако се знае дека во септемврискиот циклус четата на селекторот Благоја Милевски доживеа два порази во завршницата од Лигата на Нации, и тоа прво на гости во Тбилиси од Грузија со 2:0 и потоа дома, во Скопје, од Бугарија со 0:1.