ФК Тетекс се извинува: Најостро го осудуваме инцидентот, ова е потег на неодговорен гледач кој оди на наша штета!

202

По се она што се случи во саботата на мечот од 6.коло во ВМФЛ меѓу Тетекс и Каменица Саса, кога од страна на еден домашен фан беше удрен гостински фудбалер, денеска со реакција излезе и раководството на „штофарите“.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Фудбалскиот Клуб Тетекс најостро го осудува инцидентот кој се случи во саботата на првенствениот натпревар против Каменица Саса, воедно се извинува на сите присутни, на официјалните лица, на гостинската екипа, како и на фудбалерот Бошко Ступиќ. Ние како клуб со голема историја и традиција, имаме организирано голем број на натпревари не само во рамки на натпреварувањата во рамки на ФФМ, туку и натпревари од европските купови, но и натпревари во поранешна Југославија, кога во Тетово гостуваа најголемите клубови на овие простори, меѓу кои и екипите од големата југословенска четворка. 

Ниту ние, ниту повозрасните љубители на фудбалот не се сеќаат на ваков или сличен инцидент, што говори за одличната организација на нашите натпревари. Овој изолиран инцидент е предизвикан од неодговорен гледач, која со овој потег направи голема штета на реномето на ФК Тетекс. Напаѓачот веќе е идентификуван од страна на институциите на редот и мирот и даваме максимална поддршка да постапат според законските прописи на Република Македонија. Како и до сега, така и во иднина ќе се трудиме нашите натпревари да бидат организирани на високо ниво и вакви несакани појави да бидат минато и никогаш повеќе да не се повторат. 

Со почит, 

ФК Тетекс 1953

ПретходноМакедонија на најновата ФИФА ранг листа ќе биде на 65.место!
СледноНовак е миленик на Балканот: Фанови облечени во хрватски дресови а со српски знамиња во рацете! (ВИДЕО)