Ѓоко Хаџиески, еден од нашите најпознати тренери и некогашен селектор на нашата најдобра репрезентација, не е веќе тренер на Хата, тим од Обединетите Арапски Емирати. Имено иако Хаџиевски пред два дена успеал да дојде до победата против тимот на Гулф Херои, следувала разделба. Деталите за ова ги знаат само раководните лица на Хата и нашиот стратег Хаџиевски.
Интересно, Хаџиевски и порано беше тренер на овој тим, а се врати во јули ова лето. Значи издржа само три месеци на клупата на Хата.