Мајами го задржува најдобриот шести играч во НБА лигата

67

Тимот на Мајами Хит одлучи да му понуди, а истиот е и прифатен нов четиригодишен договор на најдобриот шести играч во НБА лигата Тајлер Хироу. Истиот е вреден 130 милиони долари, за играч кој во изминатиот период имаше одлични бројки зад себе.

Во просек постигнуваше по 20.7 поени, пет асистенции и четири скока, што е и повеќе од заслужено за ваков дил со оглед на се што НБА играчите добиваат овие денови.

Своевремено Мајами го избра Хироу како 13. пик на драфтот во 2019 година откако овој одигра одлично на Универзитетот Кентаки.

 

ПретходноНкунку во Челзи од јануари
СледноСудии за Куп: Ѓорѓиев ќе им суди на Струга ТЛ и Работнички, Младеновски на “центарот“ во Кавадарци