Дејан Станковиќ ќе биде тренер на Сампдорија

221

Барем такви се најавите од Италија откако очајниот старт на сезоната на овој фудбалски великан, доведе до ситуација на промени по само неколку кола. Дејан Станковиќ пак е икона во Италија, откако мина години во Лацио односно во Интер но како играч. Сега, неговата тренерска кариера е во нагорна линија, заврши одлична работа во Црвена Звезда, а сега очигледно е време за нешто многу поголемо.

Најавено е неговото враќање во Серија А, Сампдоријабира свој нов тренер, а србинот е најсериозен кандидат за тоа.

„По поразот од Монца, Сампдорија се одлучи да го смени досегашниот тренер, Марко Џампаоло. По осум кола освоени се само два бода, а овој дуел беше одлучувачки за Џампаоло. Фаорит за местото нов тренер е Дејан Станковиќ кој е прв пик и на управата, а негови конкуренти се Андреацоли односно Де Роси“ – напиша трансфер гуруто Џанлика Ди Марцио синоќа на социјалните мрежи.

ПретходноНовак: Е.. се како е ова можно!? (ВИДЕО)
СледноТелеграф: Роналдо дефинитивно си оди од Јунајтед во јануари