Масимо Морати: Да се ​​надеваме дека нема да му го подариме Скудетото на Милан втора година по ред

215

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати го коментираше разочарувачкиот старт на сезоната за „нероаѕурите“. Тој предвиде дека ситуацијата може дополнително да се влоши доколку сегашниот сопственик Стивен Жанг одлучи да го продаде клубот.

„Потребна ни е победа за да се вратиме на вистинскиот пат. Фудбалерите треба со гордост да го носат дресот на еден од најголемите тимови во светот. Сè уште е многу рано. Можеби до средината на сезоната ќе се решат проблемите. Заостанувањето од врвот не е големо. Минатата сезона веќе му го подаривме Скудетото на Милан , се надевам дека истото нема да се случи и оваа година“, изјави Морати па додаде.

„Играчите и тренерите никогаш нема јавно да кажат дека тоа што се случува на горните катови во клубот влијае негативно на нив. Најверојатно тие го споделуваат само еден со друг. На крајот на краиштата, зборуваме за нормални луѓе. Интер се уште може да напредува под водство на семејството Жанг . Секако на почетокот инвестициите беа посериозни. Треба да откриеме дали сопствениците сакаат да го задржат клубот или да го продадат. Доколку втората опција е пореална тогаш ситуацијата може да се влоши“, стравува Морати.

ПретходноТелеграф: Роналдо дефинитивно си оди од Јунајтед во јануари
СледноФК Работнички слави 85 години постоење