ЛШ – Интер против Барселона е дербито на вечерта!

120

Дерби на денот е Интер и Барселона, двајца поранешни шампиони ќе се соочат еден против друг на „Џузепе Меаца“ во рамките на 3. Коло на Лигата на шампионите. И двете екипи имаат по три бода по два меча, Интер ја совлада екипата на Плзен и изгуби од Баерн Минхен минатата сезона. „Нероаѕурите“ се во лош момент по поразите од Удинезе и Рома во Серија А, а па овој меч со каталонскиот гигант е еден вид момент на одлука. Ситуацијата во групата Ц е следна: Баерн е прв со шест бода, второто и третото место го делат Барселона и Интер со по три бода, а Плзен е последен без бодови.

Барса има проблеми со повредени играчи, минатото коло изгуби од Баерн Минхен, а успеа да го совлада Елче (1:0) во првенството. Чави нема да смета на Депај, Кунде, Белерин, Араухо, Френки де Јонг.

Кај Интер Ромелу Лукаку и Марсело Брозовиќ се повредени, а Лаутаро Мартинез не е комплетно заздравен од повредата. Инзаги веројатно ќе почне со Жоакин Кореа и Един Џеко, со Мхитарјан и Аслани во средниот ред.

Велат Интер бил надвор од форма. Тоа не е ни важно. Еве, ние игравме многу натпревари на кои не бевме фаворити па победивме. Интер игра во поинаква формација од тимовите со кои сме се соочиле претходно. Системот што го практикува Инзаги е динамичен и игра со двајца напаѓачи, нешто што не е во пракса кај тимовите во Шпанија. Тие се незгодни противници, а ние треба да покажеме зошто сме Барселона.

Мораме да ја повториме играта од Минхен, но сега да победиме. Отприлика знам кој ќе игра, но нормално нема да соопштам. Ова не е одлучувачки меч, но е многу важен за изгледот на групата, односно некои тимови ќе ги стави во неповолна положба.

Треба да го засилиме средниот ред и повеќе да напаѓаме, да преземеме ризик иако натпреварот е важен. Притоа не треба да му дозволиме на противникот да се растручува премногу, затоа што тие играат премногу вертикално и доминираат на делови од теренот“, изјави меѓу другото тренерот на Барселона, Чави.

ПАРОВИ ЗА 3.КОЛО ВО ЛШ
БАЕРН  – ПЛЗЕН                18:45 ч.
МАРСЕЈ – СПОРТИНГ    18:45 ч.
АЈАКС – НАПОЛИ            21:00 ч.
БРИЖ – АТЛЕТИКО        21:00 ч.
АЈНТРАХТ – ТОТЕНХЕМ                21:00 ч.
ИНТЕР – БАРСЕЛОНА    21:00 ч.
ЛИВЕРПУЛ – РЕНЏЕРС  21:00 ч.
ПОРТО – ЛЕВЕРКУЗЕН   21:00 ч.

ПретходноГол од пенал со салто – Му успеа во 2018 година, му успеа и сега! (видео)
СледноЧоло го одбрана на својот систем: 11 години сум тука и на секој меч играме различно