Вулверхемптон повторно носи Португалец на клупата

60

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон е на пат да го ангажира Педро Мартинс за заменик на отпуштениот Бруно Лаге на кормилото на тимот. Клубот од Премиер лигата е во потрага по нов менаџер по заминувањето на Бруно Лаге, а информациите говорат дека Мартинс засега  единствениот реален кандидат за оваа позиција.

52-годишниот поранешен португалски репрезентативец и самиот е заинтересиран за преселба на стадионот „Мјулине“. Педро Мартинс во моментов е без менаџерска улога по неговото заминување од Олимпијакос ова лето. 52-годишниот тренер ја освои Суперлигата на Грција во 2020, 2021 и 2022 година.

Тој, исто така, го предводеше Олимпијакос до успехот на грчкиот фудбалски куп во 2020 година.

ПретходноЛШ: Чалханоглу за славје во Милано, Наполи го „наполни“ Ајакс, Бриж не застанува (ВИДЕО)
СледноЧави „здиве“ на судијата Винчиќ: Потплатени сте!!! (ВИДЕО)