ЛШ: Чалханоглу за славје во Милано, Наполи го „наполни“ Ајакс, Бриж не застанува (ВИДЕО)

153

Интер со еден прекрасен гол на Турчинот Чалханоглу го доби големото дерби вечерва во 3. коло од Лигата на шампионите. На „Џузепе Меаца“, италијанскиот вицешампион славеше минимално со 1:0 во „групата на смртта“ каде претходно Баерн (М) ја прокнижи и третата победа.

Барселона успеа да израмни преку Педри во вториот дел од мечот, но голот беше поништен поради игра со рака на Ансу Фати во противничкиот шеснаесетник.

Во групата А Ајакс доживеа вистински дебакл на свој терен. Холандскиот првак загуби со 6:1 од италијански Наполи, иако домашните први поведоа. Фантастичните гости се вратија силно и до крајот немилосрдно ја полнеа гостинската мрежа. Два гола постигна Распадори, по еден Ди Лоренцо, Жиелински, Кваратскелија и Симеоне.

Ливерпул беше доминантен против Ренџерс, но постигна само два гола за победа од 2:0. Во првиот дел од слободен удар Александер-Арнолд отвори за водство од 1:0, а на стартот на вториот дел Салах зголеми на 2:0.

Во групата Б, Бриж не се шегува. Белгијците го „преслушаа“ и Атлетико (М) со 2:0 за трета победа во групата и лидерско место пред фаворитите. Атлетико промаши пенал преку Гризман во второто полувреме. Во вториот меч, по два поништени гола во првиот дел и промашен пенал за гостите, Порто со голот на Сануси дојде до водство против Баер (Л) од 1:0. Во финишот Галено само ја потврди победата од 2:0.

Во групата Д не се нагледавме фудбал. Ајнтрахт (Ф) и Тотенхем завршија без голови.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3 КОЛО

ГРУПА А

Ајакс – Наполи 1:6

Ливерпул – Ренџерс 2:0


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Б

Бриж – Атлетико (М) 2:0

Порто – Баер (Л) 2:0


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Ц

Баерн (М) – Викторија П. 5:0

Интер – Барселона 1:0


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Д

Олимпик (М) – Спортинг 4:1

Ајнтрахт (Ф) – Тотенхем 0:0


Standings provided by Sofascore

ПретходноВо договорот на Халанд има клаузула која може лесно да го донесе во дресот на Реал (М)
СледноВулверхемптон повторно носи Португалец на клупата