Куп на Македонија 1/8 финале: Струга домаќин на Работнички, Тиквеш и Силекс ќе се „требат“ меѓусебе

202

 

Денеска е на програмата 1/8 финалето од националниот Куп на Македонија. Откако се одигра првичната, прелиминарна фаза, ова е втората која што ќе треба дополнително да елиминира дел од учесниците, и да остави простор за оние кои ќе атакуваат на самиот трофеј сезонава.

А тоа во прв план секако дека ќе биде во моментов лидерот на ПМФЛ табелата, тимот на Струга Трим Лум и екипа која што серуште е без пораз сезонава. На домашен терен тружани ќе го пречекаат Работнички, кој по ужасниот старт на сезоната, сега е осоколен по триумфот во Штип кај Брегалница во последното ПМФЛ коло. Со нов стручен штаб, „Романтичарите“ одат на подгив во Струга, додека пак домаќинот секако дека посакува пласман понатаму и оставање на можноста за евентуална двојна круна сезонава.

Од друга страна пак, тимот на Тиквеш кој исто така го промени тренерот сезонава па наместо Влатко Костов на клупата застана неговиот помошник Ѓорѓи Мојсов во Кавадарци ќе го пречека тимот на Силекс. Тиквеш има серија на поволни резултати, исто како и Кратовци па овој меч буквално е еден од најнеизвесните денеска.

Брегалница во Штип ќе бара рехабилитација на резултатски план по поразот од Работнички изминатиот викенд на дуелот со Пелистер, а покрај битолчани уште неколку второлигаши се во игра денеска.

Вардар на „Борис Трајковски“ ќе ја нагости Фортуна, а Воска гостува на Чаир кај Шкупи. Академија Пандев има најлесна задача затоа што на домашен терен го пречекува третолигашот Љуботен.

1/8 ФИНАЛЕ, ДВОЈКИ И СУДИИ – (14 00 Ч)

Струга ТЛ – Работнички: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)

Брегалница – Пелистер: Кирил Смоквоски (Прилеп)

Вардар – Фортуна: Александар Урошевиќ (Тетово)

А.Пандев – Љуботен: Христијан Божиновски (Скопје)

Шкупи – Воска: Димитар Пилешков (Штип)

Шкендија – Скопје: Благојче Ралевски (Битола)

Тиквеш – Силекс: Марјан Младеновски (Скопје)

19.10.2022 (14 ч):

Победа – Македонија ЃП: Јован Качевски (Струга)

ПретходноЕ.Пелистер во вториот шешир за групната фаза од ЕХФ Лига Европа
СледноАјде прилепски деца, покажете што е град херој