Попладнево се одиграа седум мечеви од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Како што и се очекуваше, најинтересно беше во Струга, каде Струга ТЛ со 2:1 успеа да го победи Работнички и да се пласира во следната фаза. Работнички поведе со голот на Велкоски од пенал во 14.минута, потоа Ибраими не искористи пенал за домашните, за да Малески и Кочоски голови во финишот направија пресврт и ја однесоа Струга ЛМ во осминафиналето. Работнички мечот го заврши со два играчи помалку поради црвени картони.
Шкендија, А. Пандев, Шкупи и Вардар лесно ги минаа денешните пречки и се пласираа во следната фаза.
А. Пандев го победи Љуботен со 9:0, Шкендија пак Скопје со 5:0, Шкупи беше подобар од Воска со 6:0, а Вардар ја згази Фортуна со 4:0.
Силекс со 0:1 славеше кај Тиквеш.