Штета, Победа – Колерајн само 2:2. Тоа е епилогот на возвратниот меч од 1.коло во УЕФА младинската лига. Штета, и навистина штета. Победа имаша шанса, водеше попладнево на ФФМ со 1:0 со голот на Тошески уште во 6.минута, но место втор гол во голот на гостите од С. Ирска, два гола во мрежата на прилепчани, првбо Кели во 82.минута за да потоа и Мофат во 87. дојдоа до водство. Во 90.минута Тодороски од пенал израмни на 2:2. Па така со вкупни 4:5 тимот на Колерајн оди натаму. Да се потсетиме дека и на првиот меч Победа водеше со 2:1 па загуби со 2:3.
Значи продолжува проклетството на нашите младински екипи во УЕФА младиската лига. Ова беше десетти меч и трето реми со седум порази, без ниту една победа.
Претходно играа Вардар и Шкендија.
Победа настапи со следниот состав: Мариноски, Ѓорчески (Миланоски), Аризанкоски, Кофилоски (Петејчук), Поп Антоски, Јакоптревски (Нанчески), Кочоски, Крстески (Варошаноски), Тошески, Дебрешлиоски, Тодороски.