Белградски Партизан го направи најпријатното изненадување во рамките на 3. коло од групната фаза во Конференциската лига на УЕФА. Белграѓани триумфално се враќаат од Германија, каде го совладаа Келн со 1:0. Одлуката за победникот падна во 9. минута кога Марковиќ стрелаше за 1:0, што се покажа и како конечен резултат на средбата.
Виљареал го растури тимт на Австрија Виена совладувајќи ја со 5:0. Шпанците со максимални 9 бода по три кола се недостижни на врвот во својата група.
Вредна победа вечерва обезбеди и Фиорентина, која со 3:0 славеше во Шкотска против Хартс. Мандрагора, Куаме и Јовиќ беа творци на победата за „виолетовите“.