Футсал: Македонија денеска на гости кај Шведска ги стартува квалификациите за СП!

104

Нашата најдобра Футсал репрезентација, денеска ги стартува квалификациите за СП во 2024 година. Четата на селекторот Васко Скендеровски попладнево во Шведска со почеток од 17 часот во градот Алингсас, ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациската група 10, во која покрај Македонија и Шведска се наоѓа и Италија.

Да споменеме дека веќе на 12 овој месец, Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Италија во Скопје и тоа СЦ “Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.

Сепак денешниот дуел на гости кај Шведска е во преден план за момците на Скендеровски, од нив сите очекуваме добар настап.

ПретходноРазбојници ги нападнале Ди Марија и Влаховиќ во домот на Аргентинецот!
СледноОктај Дерелиоглу: Гостивар против Беласица посакува освојување на нови три бода!