Македонскиот кошаркарски прволигаш КК Работнички ќе има нов спонзор, а се работи за телекомуникацискиот гигант од Србија – МТЕЛ. Нашиот најтрофеен колектив конечно ќе добие сериозен спонзор со кого ќе работат на враќање на клубот од Градски парк на шампионските патеки. Потписот на договорот ќе се случи во сабота.
На утрешната прес-конференција се очекува да бидат откриени деталите околу овој договор, поточно дали Работнички целосно ќе замне во рацете на телкомуникацискиот гигант, или пак МТЕЛ ќе биде главен спонзор и помагач на клубот.