Гвардиола до Гундоган: Нема да заиграш ниту една минута ако не дојдеш во мојот ресторан

1033

Сара Арфауи, сопругата на фудбалерот на Сити Илкај Гундоган на социјалните мрежи ја критикуваше храната во Манчестер. Со коментар дека не може да најде добра храна во градот, на тоа одговори тренерот на Сити, Пеп Гвардиола бранејќи го својот ресторан „Таст“.

Жалам но морам да кажам дека насекаде има лоша храна. Не можам да најдам ресторан со убава италијанска храна, или суши или свежа храна… секаде смрзната. Рестораните се фокусираа на правење на пари од пијачки како ноќните клубови. Нема квалитетна храна. Можеби во Лондон има но во Манчестер дефинитивно нема“, е коментарот на сопругата на Гундоган.

Разочаран сум кога дознав дека никогаш немаат дојдено во мојот ресторан. Тоа ме прави лут. Гундо нема да игра ниту една минута оваа сезона ако не дојде. Ќе ги поканам него и неговата девојка во Тaст. Ви гарантирам дека ќе имаат одличен оброк“, се пошегува Гвардиола.

ПретходноМомче, очигледно не си научил кој е Гатузо! (видео)
СледноАлкалоид и во Неготино сака да покаже сила, Езерско дерби во Струга!