Фантастична партија на Тиквеш попладнево во Кавадарци против Македонија ЃП. Блескаше составот на стратегот Ѓоко Мојсов, блескаше Нгоба на својот роденден и победа од неверијатни 4:0, иако според ѓансите победата требаше да биде поубедлива.
Кавадарци е во еуфорија, оваа победа, овие три бода Тиквеш го лансираше на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Струга ТЛ, барем до утре кога се играат останатите мечеви од 10.коло во ПМФЛ.
Браво за Тиквеш, браво за фудбалско Кавадарци, така се игра фудбал.